Разрешен в.д. директорот на ЦЈЗ-Скопје, Зибери, за нов вд директор назначен Александар Стојанов

– Министерството за здравство соопшти дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.

– Зибери е разрешен заради пласирање неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот, наведуваат во соопштение од Министерството за здравство.

Министерството информира дека за нов вд директор на Центарот за јавно здравје Скопје е назначен д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот.