Комисијата за справување со пандемијата е нефункционална како и се што допре СДСМ. Политиката е вмешана и кога станува збор за здравјето на граѓаните. Скандалозна е јавната пресметка помеѓу министерот Филипче и директорот на Центарот за јавно здравје Зибери околу мотивите за укинување на мерките на граничните премини.
Станува јасно зошто Македонија е црна дупка во однос на бројот на заболени и починати од корона вирусот.
Поради неспособноста на власта на СДСМ Македонија е најтешко погодена држава во регионот од епидемијата на Ковид-19. Секој ден сме сведоци на над 100 нови случаи на разболени наши сограѓани од коронавирусот.
Македонското здравство е колабирано. Болниците се преполни и имаат недостаток на медицински материјали. Голем дел од медицинскиот персонал е заразен поради негрижата на власта на СДСМ. Министерот Филипче си тера дневна политика со преписки на социјалните мрежи, додека здравствениот систем пука по сите шавови.
Економијата тоне, бизнисите пропаѓаат, а државна помош добиваат само фирмите блиски на кланот на Заев и на поранешниот вицепремиер Анѓушев.
Единствено криминалот цвета зошто е заштитен од „трас трас“ судството кое е под директна контрола на власта. Јавноста имаше можност да види како во Македонија се рекетираат бизнисмени,како во чанти се ставаат пари од директорот на државниот фонд за здравство, како со куфери се носат милиони евра изрекетирани пари.
Овој вирус се проширил и во правосудството. Јавноста е сведок на вести дека се врши притисок со закани по живот на Бојан Јовановски. Откако Боки 13 почнал да кажува за криминалот на моќниците од власта пред обвинителите, некој се дрзнал да се јавува на неговиот адвокат и да се заканува дека Боки 13 ќе биде убиен ако збори.
Јавноста прашува кој се плаши од исказите на Јовановски кој најави дека парите од рекетот во Македонија завршувале во семејството на Заев.
СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!