ЗНМ и Комисијата за слободен пристап до информации ќе потпишат меморандум за соработка

 Здружението на новинари и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Со Меморандумот, појаснуваат од Комисијата, ќе бидат реализирани обуки за новинарите за ефикасно користење на законската можност за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и јавни кампањи кои ќе придонесат институциите да станат потранспарентни за новинарите и за граѓаните како корисници на уставно загарантираното право на слободен пристап до информациите од јавен карактер.