Соработка на Македонија и на Косово во секторот иновации договорија на средбата во Скопје тимови на двете држави предводени од директорот на македонскиот Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски и косовскиот министер за иновации и претприемништво Бесим Беќај.
– Во однос на институционалната поставеност, моделот на Министерство за иновации што го развива Косово, по примерот на Словенија и повеќе други држави од ЕУ може да биде корисен и за Македонија, кажал Деспотовски, соопшти ФИТР.
На средбата се претставени програмските активности на ФИТР, услугите, можностите што ги нуди, плановите и предизвиците во наредниот период, со акцент на владиниот План за економски раст чиј трет столб се фокусира на финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој.
Од косовска страна биле истакнати предизвиците со кои е соочено Министерството за иновации и претприемништво.
– Како Министерство и самите сме старт-ап, па затоа сакавме да видиме како функционира вашиот Фонд во поглед на легислативата и финансирањето на привантниот сектор, посочил министерот Беќај, соопшти ФИТР.
Стручни лица на Фондот за иновации и технолошки развој во наредниот период ќе престојуваат во Приштина, со цел поддршка на активностите на косовскиот партнер во развој на правната рамка и инструментите за финансирање на компаниите.
Состанокот се одржа на иницијатива на Светска Банка.
I found this article both informative and enjoyable. It sparked a lot of ideas. Lets chat more about it. Click on my nickname!