БЕСПАРИЦА ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА

Актуелните финансиски ситуации кај прволигашките клубови, пред се на екипите на Фени Индустри и Карпош Соколи, ги седнаа на иста маса претставниците на клубовите, кои искажаа голема загриженост за ситуацијата. Ова особено се однесува на Фени, чиј спонзор, компанијата Фени Индустри замина во стечај, а драстично намалување на спонзорирањето е најавено и за Карпош Соколи.

Претставникот на Фени индустри, спортскиот директор Александар Димитровски рече дека е во преговори со потенцијални спонзори и дека ситуацијата влева надеж дека клубот ќе застане на здрави нозе, но дека не знае кога временски т6оа би се случило. Кај Карпош Соколи состојбата е позагрижувачка, па клубот решил во иднина да се потпре на помладите кошаркари пред се од своите редови, а дека искусните ионака веќе заминале.

Претходно поради финансиски проблеми екипата на Куманово се откажа од натпреварувањето во БИБЛ-лигата.