Вистински спектакл претставуваше отврањето на 23. ЗОИ во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Пред 35000 гледачи на преполниот стадион во овој Јужнокорејски град, и пред милијарда гледачи ширум светот, продефилираа 2952 спортисти од 92. земји во светот. Тие ќе се натпреваруваат во седум спортови, кои имаат 15. дисциплини, а ќе има вкупно 102 натпреварувања.
Церемонијата на свеченото отворање започна со спектакуларен огномет, по што беше одржана пригодна програма. Потоа настапи дефилето на учесниците, која традиционално ја предводеа натпреварувачите од Грција.
Македонија настапува со тројца натпреварувачи: Антонио Ристевски во алпски дисциплини и Викторија Тодоровска и Ставре Јада , кој воедно го носеше и Македонското знаме, во крос кантѕри.
Инаку, на оваа Олимпијада за прв пат ќе учествуваат и: Еритреја, Еквадор, Косово, Малезија, Нигерија и Сингапур.