Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Мерекел. Средбата е предвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев, потврдуваат од Владата за МИА.
Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст јули лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.
Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.