Претседателот на парламентарната група Обновена Европа, Дачиjан Чолош, кој е во посета на земјава заедно со известувачот на ЕП за С. Македонија Илхан Ќучук, денеска на прес-конфренција во Владата рече целта на нивната посета е да пренесат јасна порака дека го поддржуваат процесот проширувањето и фактот дека С. Македонија е подготвена да почне преговори со Европската Унија.
– С. Македонија ги исполни критериумите што и беа поставени од ЕК и нејзините земји членки и сметаме дека сега сите услови, па дури и политичките, се исполнети со да се започне процесот на преговори со С. Македонија, истакна Чолош на заедничка прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски.
Тој посочи дека новата методологија на преговарање треба да биде искористена со цел да се трансофмира овој процес на преговори не само на административен и бирократски начин на пренесување на правото на ЕУ, туку, како што рече, штом Северна Македонија биде подготвена во одредени области важно е да се донесат резултати за граѓаните на земјата.
– Сакаме, веднаш кога С. Македонија ќе биде подготвена во образованието, во земјоделството, во истражувачкиот сектор, во секторот на локален развој и други важни поглавја, чекор по чекор да ги интегрира политиките на ЕУ, но и да ги искористи европските фондови и европските можности за развој. Јас сум одговорен за политичката група во ЕП која на едно место има неколку шефови на држави и на влади меѓу кои и француската Влада, холандската Влада, Луксембург но и влади како Словенија, Естонија, Чешка… И ние ќе ги вложиме нашите напори како европратеници да ги убедиме нашите колеги да го поддржат овој процес, рече Чолош.
Подвлече дека она што ќе се случува во С. Македонија во следните недели и месеци ќе биде важно за кредибилитетот на овој процес и изрази уверување и оптимизам дека во првата половина од годината ќе се донесе позитивна одлука за започнување на процесот на преговори со С. Македонија.
Истакна оти е важно и да се одржуваат добри односи и со соседите и да се докаже дека С. Македонија може да ги почитува меѓународние и билатералните договори со соседите, затоа, како што рече, што ова е првиот чекор со кој што ќе се покаже кредибилитет и со кој ќе се обезбеди добро партнерство со ЕУ.
– Сметам дека поради сигурноста на целиот овој процес на преговори со ЕУ, важно е на политичко ниво сите политички проевропски сили мора да бидат заедно на едно место, не само политичките партии, туку и и граѓанското општество. Затоа сметам дека претстојната изборна кампања може да биде навистина добра можност да се дискутира за тоа како да се спроведуваат реформите во земјата и како да се носат одлуки во интерес на народот.
– Потребно е да се има транспарентна изборна кампања затоа што тоа ќе биде главниот доказ за македонскиот народ дека вие сте подготвени да го почнете процесот на преговори. За нас во ЕП е важно не само да го почнеме процесот на преговори туку и да имаме јасна перспектива за пристапување на С. Македонија во ЕУ, рече Чолош.
Премиерот Спасовски, од своја страна, посочи дека преку европратениците упатил порака до сите земји членки да донесат позитивна одлука за почеток на преговори за членсто на С. Македонија во ЕУ, затоа што, како што рече, ние покажавме политичка зрелост, институционален капацитет за сериозни реформи, дури и во овој предизборен период.
– Посветеноста ни помага да ги оствариме критериумите, да ги постигнеме стандардите кои ни овозможуваат да дадеме нови позитивни аргументи и се повеќе не приближуваат до почеток за преговори за ЕУ. Во таа насока за нас е многу значајна и поддршката што ја имаме од Европскиот парламент кон која со ист интензитет е придружена и поддршката на парламентарната група „Renew Europe“, истакна Спасовски.
Повтори дека со нашите пријатели од Обновена Европа споделивме заеднички став дека очекуваната позитивна одлука на Европскиот совет за нашата земја заедно со новата методологија ќе го врати кредибилитетот на ЕУ ќе обезбеди кохерентен, предвидлив процес на пристапување што нема да ја загрози одржливоста на досега постигнатите реформи во земјава.
– Во наредниот период очекуваме иста таква зрелост и од државите членки на ЕУ за да не се даваат аргументи за зјакнување на националистичката и антиевропската реторика во земјава која може да ги стави во ризик Договорот од Преспа, и реформските процеси, подвлече Спасовски.
Истакна дека на средбата со Чолош заеднички споделиле дека конкретната перспектива за пристапување на земјава во членство во ЕУ е важна не само за С. Македонија туку и за целиот регион. – На тој начин ние посакуваме ЕУ да испратил силен сигнал на целиот регион на Западен Балкан, да зајакне кредибилитетот на ЕУ во поширок геостратешки контекст што е значајно за целиот регон, истакна Спасовски.
Парламентарната група „Renew Europe“ е третата политичка група и е дел од политчкото мнозинство во Европскиот парламент во моментов. Таа е формирана врз основа на либералната АЛДЕ група и во неа има европарламенатци од 22 емји членки на ЕУ.
Посетата на европратениците од Обновена Европа доаѓа по распишувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април и во период кога е актуелна новата методологија на проширување на ЕУ.