Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе предлог одлука за распуштање на Собранието на 12 февруари

 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе предлог одлука за распуштање на Собранието на 12 февруари, соопшти на денешната прес-конференција во Парламентот координаторот на пратеничката група на партијата Никола Мицевски.

-Оваа одлука ја предлагаме бидејќи покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници деновиве гледаме како лидерот на СДСМ се обидува да избега од истите со поставување услови за носење на закони кои од само нему познати причини претствувале услов за одржување на изборите, рече Мицевски.

Според него, бегањето од избори на Зоран Заев е бегство од соочување со одговорност  докажува дека е подготвен целата држава да ја стави во заложништво само да се спаси себеси. Ги повика и другите политички партии да ја поддржат иницијативата за распуштање на Собранието.

На прашање за законот за јвно обвинителство, до каде се преговорите и дали ќе има време да се донесе законот, Мицевски рече дека власта на СДСМ се обидува еднострано да донесе закон со кој сака да воспостави, како што вели,  целосна контрола на Обвинителството и донесувањето на овој закон го поставува како услов за одржување на изборите. Тој го повтори партискиот став дека експертската јавност  и ВМРО-ДПМНЕ имаат бројни забелешки за закнот, кој е едностран и во споротивност со експертските мислења, Уставот и кривичната материја.

-Ова е трет изговор за да се избега од избори. ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за ЈО туку е против партиски закон за ЈО со кој ќе се заштити криминалот. Секое законско решение мора да биде со консензус но и во дослух со експертската јавност. Ние сме спремни доколку шесте  предложени професори го направат овој закон безусловно да гласаме  да го поддржиме, рече Мицевски.

Во однос на измените за законот за отпад ВМРО-ДПМНЕ, рече, го кажа својот став и на Комисија и каде гласале за законот.  Ќе побараат законот од 54 седница каде е 19 точка да се стави како 2 точка на седницата и безусловно  ќе го гласаат.

За Изборниот законик тој се донесува консензуално или со вклученост на поголемите партии во моментот кога ќе бидат оформени преговарачките тимови и ќе се постигне договр тојќе се најде пред пратениците.