Семинар за промоција на културната соработка на Западен Балкан со поддршката од ЕУ

Семинар за промоција и вмрежување на културната соработка на Западен Балкан, со поддршка на Европската унија, ќе се одржи денеска и утре во Скопје во просториите на Делегацијата на ЕУ.

Главниот фокус, како што информираат од Министерството за култура, јавниот повик – проекти за културна соработка на Западен Балкан од Програмата „Креативна Европа“ со акцент на комплексните регионални и европски културни политики, како и градење на капацитетите.

Настанот е организиран од Канцеларијата на Креативна Европа при Министерството за култура во соработка со Европската комисија, Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Канцелариите на Креативна Европа и претставници на културниот сектор од релевантните држави од Западен Балкан.

На дводневниот семинар учество ќе земат претставници од земјава и странство, меѓу кои од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и соседните земји на овој регион, членки на ЕУ: Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *