Филипче во Здравствениот дом во Пробиштип: Ќе се реновира покривот, внатрешноста, ходниците и дел од ординациите

Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска го посетија на Здравствениот дом во тој град.

При денешната посета, министерот Филипче најави проект преку донација од Американската амбасада за подобрување на условите за работа во оваа јавно-здравствена установа.

– Благодарение на Американската амбасада во Здравствениот дом целосно ќе се реновира кровот, внатрешноста, ходниците и дел од ординациите, што ќе почне во периодот што следува. Првпат овој Здравствен дом ќе има систем греење, што ќе биде со помош на гас, значи дополнително ќе придонесеме за чиста животна средина, рече министерот Филипче.

Посочи дека јужното крило при Здравствениот дом, кое моментално не е во употреба, предвидено е да се адаптира во дом за стари лица, со капацитет од 54 лица.

– Владата на Република Северна Македонија на една од минатите седници во владение го даде спратот од околу 2000 квадратни метри, што веќе 20 години е празен и не е во употреба во оваа јавноздравствена установа, со цел да излеземе во пресрет на граѓаните, на реалните и вистинските потреби, а тоа е тој објект да се трансформира во дом за стари лица, потенцираше Филипче.

Информираше дека првпат по седум години во функција е ставена детската и превентивна стоматолошка амбуланта, со стоматологот кој дошол да работи од приватното здравство. Во периодот што следува, додаде, ќе се распише и лиценца за ортодонција за влез во мрежата, со што Пробиштип првпат добива ортодонција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *