Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ги протестите што се одржаа вчера во Атина, оцени дека се дел од јавната политичка дебата која се одвива во различни форми и демократски загарантирано право ако се мирни и ненасилни, но оти тоа не треба да влијае на проецот за решавање на прашањето за името.
– Меѓутоа, исто така, не треба да се потцени и големиот број луѓе кои поддржуваат изнаоѓање решенија и се против тој начин на изразување на незадоволство. Никогаш не сме сметале дека ова е лесно прашање и дека ќе се реши без никакви предизвици на патот. Тоа што е важно е дека имаме влади кои се определени да најдат решение. Тие треба да останат мирни и истрајни во изнаоѓање на решението, независно од предизвиците со кои ќе се соочиме на патот. Сега е време на носење праведни одлуки, а не лесни одлуки, рече Османи пред работниот појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан, а во очекување на објавувањето на Стратегијата на ЕУ за проширување.
Најави дека процесот на решавање на спорот за името ттреба да продолжи според предвидена агенда.