ГОРАН ДРАГИЧ ЗАМЕНА ЗА КЕВИН ЛАВ

Словенецот Горан Драгич, кој веќе има десетгодишно искуство во НБА лигата, пишува уште една историја на словенечката кошарка, со тоа што ќе стане првиот словенец кој ќе игра на ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, од 16-18 февруари. Тој ќе го замени повредениот Кевин Лав во екипата на Леброн Џејмс и уште еднаш на публиката ќе и го покаже својот раскошен кошаркарски талент.

Словенецот игра извонредно оваа сезона, со 17 поени на натпревар и 4,8 скока. Воедно ова е и големо признание за Мајами Хит, чиј играч е словенечкиот репрезентативец.