Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска е во работна посета на Бугарија, во тек на која ќе се сретне со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел.
На состанокот ќе се разговара за престојниот Дигитален самит што ќе се одржи во Скопје, на 18-ти и 19-ти април годинава, информира Министерството за информатичко општество и администрација.