Во најновиот, 46 број на грчкото списание „Енекен“ е објавена песната „Љубов“ од Томислав Османли. Песната доби прва награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“, првпат распишан годинава како дел од меѓународната поетска манифестација „Ил Парнасо“ што се одржа на Сицилија.
Османли оваа песна изворно ја напишал на грчки, јазикот на неговата мајка и ја посветил на нејзиниот роден град Солун.
– Песната „Љубов“ ја напишав неодамна, на грчки јазик, и таа е посветена на родниот град на мојата мајка, којшто и јас го чувствувам како топол предел на моите корени, но и како древна порта кон сончаните, топлите предели и цивилизации на Медитеранот. Веднаш ја преведов на македонски и ја пратив на меѓународниот конкурс, истакнува авторот Томислав Османли.
Ова е втора негова објава во грчкото списание „Енекен“ во кое минатата година беше објавен и превод на неговиот расказ „Раката на ХеВХаЈ“.
Insightful read! Your analysis is spot-on. For more detailed information, visit: READ MORE. Eager to see what others have to say!