Делата кои што беа презентирани во просторот за современа уметност се изработени по неговото патување во таа државата пред три години, кога Кашавелски учествуваше на проектот за уметници од Централна и Источна Европа во Гујанг во рамки на проект за собирање и размена на уметници.
Организаторите велат дека причината за изборот на Кашавелски е тоа што во неговите дела има задевање и скриена наративна природа. Изложбата ќе биде отворена до крај от на февруари годинава.
Паралелно, додека се случува изложбата во Пекинг, Кашавелски се претставува со едно дело на престижниот салон во Париз, „ Salon des Beaux Arts“, што се одржува под пирамидата во Лувр. Претходно, уметникот пред извесно време во Тирана беше награден со престижна награда „Исмаил Лулани“.