ФРОДЕМ: Фантазмогории и небулози на Академиците од нашето соседство

Скандалозниот став на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик јасно говори за постојано непримерено однесување на поедини академици од нашето соседство кое слободно може да се оцени и како недобрососедско, недобронамерно, фустрирачко и обременото со соништата од минатото. Жално е што одредени академици сеуште верно ѝ служат на една пропадната мегаломанска идеја на политичарите од ХIX век, на нивниот сон за Санстефанска Бугарија.

Академиците од соседството на крајот на втората декада на ХXI никако да сфатат дека конечно е дојдено времето за да се оградат од ,,памфлетот” на Бугарската академија на науките (БАН) oд месец ноември 1968 година („Историско-политичка информација по македонското прашање“) во која се негира постоењето на македонскиот народ, јазик и култура и да се ослободат од фантазмите ,,Еден народ, a две држави” и ,,Македонија и македонците најромантичен дел од бугарската историја”. Напротив тие уште пожестоко и душмански со квази научни аргументи и само на нив познати факти се обидуваат да го докажат недокажливото.  Грубото посегање по туѓата историја и негирање на посебноста на еден древен народ и неговиот јазик укажува на срамење од сопствената историја и обид за промена на истата.

Овој последен нецивилизиран и недобронамерен истап на највисоката научна институција од нашето источно соседство кај сите Македонци и кај целата светска јавност дополнително го зајакнува и потврдува ставот дека станува збор за патолошки порив и ментална состојба во која се наоѓаат некои т.н научни работници потпомогнати од шовинистички задоените и настроени политичари и фалсификатори историчари и лингвисти.

ФРОДЕМ ги потсетува бугарските политичари да ја освежат својата меморија за европското однесување на некои бугарски политичари во текот на средината на минатиот век и да соберат храброст да ја признаат вистина за постоењето и посебноста на македонскиот народ, јазик, култура и историја. Како балканска земjа членка на Европската Униjа и НАТО алијансата, Република Бугариjа има посебната обрска да изгради здрава и траjна основа на билатерални односи со своите соседи.

Со ваквиот негаторски став бугарските антимакедонски кругови ги рушат сите мостови за пријателство и соработка. Никој во Република Македонија и по ниту една цена нема да прифати ваква антимакедонска политика. Затоа упатуваме порака до сите добронамерни граѓани на Република Бугарија да се одважат и ја признаат реалноста дека постои македонски народ, македонски јазик, култура и историја.

Со оние граѓани на нашиот сосед кои немаат желба и сила да ја сфатат реалноста и вистината за Република Македонија и за посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик, култура и историја, ФРОДЕМ сочувствува со нив поради немањето капацитет да досегнат повеќе од тоа што се.