Македонец добитник на Водовникова награда во Словенија

Триесетгодишниот доктор на науки Сретен Давидов кој е по потекло од Неготино, е добитник на Водовникова награда што ја доделува Фалултетот за електротехника при Универзитетот во Љубљана.

Како што потврди Давидов за МИА, наградата е за неговиот докторат од областа на подрачјето на електромобилноста.

-Тоа е всушност признание за квалитетот на докторатот, неговата препознатливост и убедливост за ова подрачје, појасни тој.

Наградата ќе му биде доделена на 19-ти овој месец, на свечената приредба по повод сто години од основањето на Uниверзитетот.

Младиот неготинец докторираше на 28 години. Во земјава беше добитник на наградата за најдобар млад научник за 2017 година. Во моментов работи во Службата за технолошки развој на Електро Љубљана, словенечката Електродистрибуција.