Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и Богданци

Во текот на денешниот ден заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, беше во работна посета на општините Гевгелија и Богданци каде оствари средби со градоначалниците Саше Поцков и Блаже Шапов на кои се разговараше за тековните проекти поддржани од Владата и Министерството за локална самоуправа во изминатата година преку Програмата за рамномерен регионален развој и програмата за прекугранична соработка.

На средбите се разговараше околу реализацијата на проектот за изградба на фекален колектор со Пречистителна станица за отпадни води во гевгелиското село Моин,изградбата на спортско рекреативниот центар Динќут во Гевгелија, регулацијата на коритото на Сува Река кое е во тек, за ревитализација на патот Богородица – Стојаково, како и за реконструкција на неколку улици во селата Стојаково и Селемли во Општина Богданци.

-Годинава од Министерството за локална самоуправа, преку програмата за рамномерен регионален развој поддржани се 16 проекти од Југоисточниот плански регион со 48 милиони денари од кои, конкретно за Гевгелија и Богданци од буџетот биле издвоени 55 милиони денари, рече Павлески.

Павлески потенцираше дека интенција на Владата и Министерството за локална самоуправа останува поттикнувањето на рамномерниот регионален развој и поддржувањето на реални проекти кои обезбедуваат подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.