Нимиц на средба со Заев во Владата

 Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, претпладнево во Владата има средба со премиерот Зоран Заев.

Претходно, во вилата „Водно“, Нимиц разговараше со претседателот Ѓорге Иванов, а попладен ќе има срдби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде по средбата со шефот на дипломатијата, Димитров.

Нимиц во Македонија дојде вчера и по пристигнувањето само кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.

– Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите со Владата и со другите лидери, изјави посредникот Нимиц по пристигнувањето во Скопје.