Македонскиот Олимписки Комитет потврди дека на претстојните Зимски Олимписки Игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, нашата земја ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи.
Во дисциплините слалом и велеслалом, наш претставник ќе биде Антонио Ристевски. Ставре Јада ќе се натпреварува во дисциплините спринт и 15 километри, а Викторија Тодоровска ќе биде наш адут на 10 километри.
ЗОИ почнуваат на 9.февруари, а ќе траат до 28.февруари. Нашата делегација ќе замине за Пјонгчанг на 7.феруари, а претставувањето на нашите учесници ќе биде два дена порано.