Општина Куманово ќе ги субвенционира граѓаните за прикклучок на гасоводната мрежа

Општина Куманово ќе ги субвенционира граѓаните со 10.000 денари за приклучок кон гасоводната мрежа, се наведува во денешниот јавен повик кој го објави општината. Повикот се однесува на кумановци, кои имаат склучено договор за приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа и решение за приклучување издадени од ЈП „Куманово Гас“. Субвенциите се дел од мерките кои беа предложени и изгласани на советот, со цел намалување на аерозагадувањето.

– Општина Куманово, со цел да ги стимулира граѓаните за користење гас за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, направени за приклучна такса кон гасификациска мрежа, се вели во повикот.

Граѓаните треба да  поднесат образец за барање за искористување на правото за надоместок. Субвенциите се дел од мерките со кои општина Куманово, со цел да ги стимулира граѓаните за користење гас за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, направени за приклучна такса кон гасификациската мрежа

Барањето може да се подигне во архивата на Општина Куманово или да се обезбеди од интернет страницата на општината:www.kumanovo.gov.mk. Заинтересираните треба да достават документи како што се доказ за жителство, договор и решение од јавното претпријатие. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

– На јавниот повик немаат право на учество домаќинствата кои имаат веќе остварен приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа, без оглед на тоа дали го користат, како и сопствениците на станбени објекти кои се уште се  во фаза на изградба, се наведува во повикот.

За потребите на повикот, формирана е комисија која ќе ги оценува пристигнатите барања.

– Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, стои во повикот.

Од буџетот на Општината, за оваа намена предвидено е да се одвојат милион денари. Повикот завршува во крајот на ноември, годинава.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *