Писмена реакција во врска со интервјуто на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за Грчки “Катимерини”

Почитувани,

Во врска со интервјуто на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за Грчки “Катимерини”, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Со кого си поигрува Државно-политичкиот врв?

После лидерската средба не сакаат да коментираат јавно за да не им наштетат на преговорите, а Али Ахмети ја руши Македонија во интервју за Грчки медиум. Кој му дал мандат токму тој да соопштува што било добро за Македонскиот народ? Во чие име и за чија сметка Али Ахмети кажува дека не треба референдум?

Македонска Алијанса им порачува на Али Ахмети и компанија – НЕ СИ ПРАВИТЕ ЕСАП БЕЗ КРЧМА!

Единствен суверен владетел на името и идентитетот е Македонскиот народ и никој друг!

Македонскиот народ не го плашите веќе со приказните или сега или никогаш! Сакаме во ЕУ и НАТО Алијансата ама не по цена на сопствено обезличување. Бараме меѓународните норми да важат за сите подеднакво! Да бидеме свои на своето! Македонци во својата Македонија!

СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ И СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕСИ!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *