Заев: Верувам во национален консензус за прашањето со името

Верувам дека можеме да најдеме национален консензус во функција на решавање на проблемот со името, а не во функција на негово блокирање или повтoрно одложување. Сега е вистински момент да се реши ова прашање, порача денеска прмерот Зоран Заев.

– Во саботата имавме информативен состанок на кој ги споделивме сите можни информации што ги имамe јас и министерот за надворешни работи кои дојдоа од преговарачот за името Васко Наумовски. Изградивме стратегија, а јас презентирав како во иднина ќе настапиме, изјави Заев во одговор на прашање по завршувањето на рочиштето за „Поткуп“ и нагласи дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се општо познати.

Дебатата, потенцира,  е отворена, а за вакви прашања и треба да биде отворена.

– Сите треба да знаеме дека можеме да го решиме проблемот, но може и да не се реши. После тоа сонцето повторно ќе изгрее, но дали ќе не грее и дали нашите деца ќе продолжи да ги грее некаде по белиот свет e одлука на политичарите. Секако власта ја има најголемата одговорност, но убеден сум дека и претседателот на државата и опозицијата и сите политички чинители во општеството ќе бидат мудри да изнајдеме решение кое ќе го сочува достоинството и дигнитетот на нашиот народ и на нашата земја, рече Заев.

Важно е, потенцира, да внимаваме и на грчката страна, бидејќи можеби решението ќе биде прифатливо за нас, а нема да помине во Грција или обратно, може ќе биде  прфатливо за грчката,стрна, а нема да помине тука.

Премиерот потврди дека СДСМ останува на одлуката доколку се најде решение за прашањето за името народот да се изјасни на референдум.

– Ставот на СДСМ е да се изнајде  решение заедно со опозицијата и на крајот конечното решение  да биде потврдено на референдум. Тоа не е толку страшно, трагично или невозможно. Референдумот се организира согласно законите во брза постапка и ако застанем сите, пред се политичарите и да ги соопштиме своите ставови ќе му помогнеме на народот да излезе и да го каже својот став. Ова е пресуштествено прашање, но  на него не гледам како на кочница  или бариера, туку како дополнителна гаранција за Република  Грција дека решението ќе биде трајно, конзистентно и останува за век и векови, рече Заев.

На Нимиц, како што кажа, ќе му ги пренесат сите наши ставови со сите аргументации и додаде дека во тие ставови има грижа и за грчката страна, бидејќи, потенцира, цел ни е тоа да помине и во Грција.

– Верувам дека таква е и целта на Грција, барем така беше презентирано пред мене од премиерот Ципрас дека истовремено му е многу важно тоа што е решение да помине и во Македонија, на тој начин и може да се најде решение, потенцира Заев.

Со креавање на проблемот за името, посочи, ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, членство во НАТО, но и живот, бидејќи НАТО и ЕУ носат инвестиции и економски позитивни апспекти  за граѓаните.

 Се надевам со мудра постапка дека ќе изнајдеме решение на овој долгогодишен проблем, посочи Заев. Се надевам дека сите ќе бидеме фокусирани пред се за интересот на граѓаните и за Република Македонија, посочи премиерот Зоран Заев.