Груби-Јанакакис: Сите да превземат одоговорност и да станат дел од решението

Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, денеска се сретна со амбасадорот на Грција во Скопје, г. Димитрис Јанакакис.

Пратеникот Груби и амбасадорот Јанакакис во македонскиот Парламент разговараа и разменија мислења за актуелната политичка состојба во земјата и регионот, преговорите   Скопје-Атина околу спорот за името, добрососедските односи, како и за евроатлантската интеграција.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби пред амбасадорот Јанакакис  изрази задоволство што државниот врв во земјата оддржа координативен состанок пред претстојната посета на преговарачот Нимиц на Скопје и Атина.

Минатонеделната средба меѓу премиерите Заев и Ципрас во Давос пратеникот Груби ја оцени како цврста заложба за интензивирање на процесот за решавање на спорот со името.

Времето за решение е сега и сите кои што стремат кон евроатлантска интеграција  и добрососедство треба да станат дел од консензуалното и взаемно прифатливо решение.

Интеграцијата во НАТО и членството во Европската Унија се нашите апсолутни приоритети и дека тоа мора да биде точката на врзување меѓу двете земји во интерес на просперитетот и стабилноста на целиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *