ТРЕНЕВСКИ ВО ДЕЧИЌ?

Македонскиот фудбалски стручњак, Виктор Треневски, е многу блиску до преземањето на кормилото на црногорскиот прволигаш Дечиќ.

Како што објавуваат тамошните медиуми, Дечиќ, кого го чека тешка битка за опстаниок во прволигашкото друштво, веќе се има одлучено за Треневски, бидејќи нашиот тренер веќе беше во овој тим, а задачата ја изврши извонредно.

Потоа следуваше разделба со црногорскиот клуб, бидејќи излегоа некакви недоразбирања околу неговата тренерска лиценца иако подоцна се покажа дека е се во ред со неа. Сепак Треневски не се врати, туку дојде во Работнички,. откаде по една успешна сезона си замина и сега е без ангажман. Но по се изгледа дека Дечиќ е цврсто решен да го донесе на чело на екипата, па останува во следниве неколку дена да видиме дали оваа најава ќе биде реализирана.