Демократска Партија на Турците ја поздравува одлуката за предвемени парламентарни избори

Ние како Демократска Партија на Турците на Северна Македонија, ја поздравуваме одлуката за одржување на предвемени парламентарни избори.

ТДП како најстара и најискусна политичка партија на Турците во Република Северна Македонија, секогаш е подготвена да одговара и да дава отчет пред своите гласачи.

Според нас, одлуката донесена на лидерската средба која се одржа по иницијатива на претседателот на државата за одржување на предвремени парламентарни избори, откако нашата земја не успеа да добие зелено светло за добивање на датум за започнување на целосни преговори за членство во ЕУ, е правилна.

ТДП верува дека во периодот што следи, сите треба да се ангажираме за фер и демократски избори, за да докажеме дека сме зрели како општество и дека сме спремни за новите предизвици во државата и во меѓународната арена. Додека од друга страна, од големо значење е да се превземат сите неопходни мерки со цел обезбедување на правична и соодветна застапеност на сите граѓани кои живеат во Република Северна Македонија.

Особено, спроведувањето на моделот на една изборна единица со отворени листи која  ќе ја рефлектира реалната слика на населението а посебно на Турците и другите помалубројни народи во парламентот, е од суштинско значење за целосна демократизација на нашата земја.

Се надеваме дека сите политички партии без разлика дали се на власт или  опозиција ќе изнесат силна волја за спроведување на горе наведеното.

Пожелуваме наредниот период да биде по просперитетен за нашата земја, со превземање на по одлучни чекори за демократизација на државата со тоа што ќе бидат постигнати предвидените социо-економски услови еднакви за сите граѓани на нашата заедничка земја Република Северна Македонија.