Министерот Исмаили на Саемот на книгата во Франкфурт

инистерот за култура, Хусни Исмаили, од денеска, престојува во работна посета на Франкфурт, Сојузна Република Германија, по повод претставувањето на нашата држава на Меѓународниот саем на книгата.

Како што соопшти Министерството за култура, Исмаили денеска ќе присуствува на настанот со кој ќе се одбележи присуството на нашата земја на оваа манифестација, а за време на престојот, министерот ќе оствари средба со Тобиас Вос, директор за меѓународна соработка на Дирекцијата на Саемот на книгата во Франкфурт, како и со Оливер Зиле, директор на Саемот на книгата во Лајпциг.

-Оваа саемска манифестација, која ужива репутација на најзначаен настан во книжевната сфера во европски и во светски рамки, е од исклучителна важност за промоцијата и афирмацијата на авторите од Република Северна Македонија и нивното творештво, а отвора и можности за интензивна соработка на издавачкиот сектор од нашата земја со колегите од целиот свет. Годинава Министерството за култура во Франкфурт се претставува преку Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), а нашата книжевност е претставена со најнови и најрепрезентативни изданија од реномирани автори од земјава, стои во соопштението.

Годинашново, 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт се одржува од 16 до 20 октомври под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, а земја почесен гостин е Норвешка.

Саемот во Франкфурт е најголем во рамките на меѓународната издавачка индустрија, со повеќе од 7 500 излагачи од 110 земји, околу 285 020 посетители и 139 460 трговски посетители. Има повеќе од 4 000 настани и околу 10 000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2 000 блогери, соопштија од Министерството за култура.

One thought on “Министерот Исмаили на Саемот на книгата во Франкфурт

  1. A very well-written article! It provided a lot of valuable information. What are your thoughts? Feel free to check out my profile for more!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *