Се гради патна инфраструктура на индустриската зона „Раброво“

Со финансиска помош од Бирото за регионален развој и со средства од сопствениот буџет, Општина Валандово ги почна градежните работи за уредување на патната инфраструктура во индустриската зона „Раброво“.

– Почнавме со изградба и асфалтирање на приклучната улица која води кон крстосницата со регионалните патишта Валандово-Струмица и Валандово-Дојран за да овозможиме безбеден влез и излез од индустриската зона за граѓаните чии што работни места се наоѓаат во неа и за оние кои индустриската зона ја користат секојдневно или повремено, рекоа од општината.

По изградбата на приклучната улица, најавено е дека ќе продолжи уредувањето на целата патна инфратсуктура во индустриската зона и дека на неа ќе биде поставена соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.