„Есенски музички вибрации“ во Крива Паланка

Популарните класични  музички композиции синоќа беа изведени пред жителите на Крива Паланка на сцената на Национална установа Центар за кулутра, во рамки на  дводневната манифестација „Есенски музички вибрации“.

Настанот се одржува во два сегменти: популарна класика и маестрозо трио и опфаќа интерпретација на композиции на познатите светски музички класици, во изведба на врвни македонски музичари и е проект поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

-Настанот се реализира како дел од програмата „Нов кулутен бран“ и согласно одобрените средства, конципиравме претставување во два дена во Крива Паланка, заради дисперзирање на класичната музичка уметност надвор од метрополата. Јас како професор заедно со моите некогаш студенти, денес драги колеги со кои соработувам, одбравме композиции од Моцарт, Верди, Доницети, Пучини, Бизе и други и во едночасовна програма ги изведовме пред вашата публика, рече Славица Галиќ Петровска, првенка на Македонска опера и балет, сопран, професорка на Факултетот за музика уметност-Скопје.

Композициите ги изведоа:Славица Галиќ Петровска, сопран, Наде Талевска Спасовска, сопран, Васко Здравков, баритон во придружба на Андреј Наунов, пијано.

-Изненадена сум од интересот на публиката во Крива Паланка, и задоволна што присуствуваа во толкав број на првата концертна вечер, бидејќи кога како професор, со мои студенти почнав пред десетина години да реализрам настапи надвор од метрополата, на пример во Крушево, првпат настапивме пред десетиан луѓе , додека денес и таму и овде, гледам голем интерес, така што , се потврдува опрвданоста за реализација на вакви проекти, рече Галиќ Петровска.

Вечер со почеток во 19 часот и 20 минути, во Центарот за култура Крива Паланка ќе се одржи вториот дел, маестрозо трио, од „Есенски музички вибрации“, а ќе настапат: Гоце Цоневски, труба, Стојанче Косовски, труба и Елена Силјановска, пијано.

Настанот во Крива Паланка е во коорганизација на НУЦК , Крива Паланка, ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, општина Крива Паланка и Центар за аудиовизуелни уметности „Каартс“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *