Партизација на државни институции и јавни претпријатија е обележје на времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Крајно лицемерно е токму ВМРО-ДПМНЕ да зборува за партизација на РЕК Битола со оглед на тоа дека за 11 години, колку што беше на власт, во комбинатот се вработиле околу 1.400 лица, во најголем дел распределени на непродуктивни работни места. Последиците се чувствуваат и денеска.
Крајно несериозно е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека исклучувањето на Блок 1 од РЕК Битола се должи на партизанијата на СДСМ на „РЕК Битола“
Според информации од РЕК Битола, Блок 1 е исклучен од електроенергетскиот систем во петокот, на 4 октомври, околу 23:30 часот, заради дефект на цевки во котелот на постројката. Се очекува да биде повторно ставен во функција во текот на утрешниот ден.
Причината за почестото испаѓање на овој блок во однос на другите се токму неуспешните и сомнителни обиди за модернизирање на котелот на блокот во 2014 година , повторно за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ .
Обид заради кој и денес РЕК Битола е вовлечен во судски процеси и меѓународна арбитража, а на комбинатот му се закануваат милионски отштети кон странските партнери, при што трпи електроенергетскиот систем на земјата.
Денес, за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ не се импровизира, туку се работи сериозно и професионално, како во поглед на ефикасноста така и во однос на заштитата на животната средина. Уште една потврда за тоа е и обезбедувањето на над 30 милиони денари следната година, за зголемување на доверливоста и ефикасноста на Блок 1, со што повторно се санираат наследени состојби.
Секојдневно се потврдува, ВМРО-ДПМНЕ работело и се уште работи за лични цели и против интересите на граѓаните, а СДСМ останува да биде на страната на граѓаните.