Велешкиот театар со „Одам на лов“ викендов настапи на театарски фестивали во Куманово и Крива Паланка

Со најновата хит комедија „Одам на лов“ од францускиот автор Жорж Фејдо, во режија на Деан Дамјановски, велешкиот Театар „Јордан Х.К-Џинот“  изминатиот викенд успешно  настапи на фестивалите „Денови на комедијата“ во Куманово и „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Како што изјави за МИА, Александар Иванов в.д директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ за својата изведба на двата реномирани театарски фестивали и во Куманово и во Крива Паланка, тие  имале одличен прием од  тамошната публика која во преполните сали ги наградила со долг и гласен аплауз.

„Одам на лов“ е втора продукција на Велешкиот театар од Програмата за 2019 година

Во претствата настапуваат актерите: Маја Љутков, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Самоил Стојановски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова и Исидор Јовановски. Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Елена Вангеловска, а изборот на музиката на Горан Трифуновски-Пајак

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *