Платите на вработените во администрацијата се зголемени за 5 насто, откако Собранието го изгласа Законот предложен од СДСМ за исплата на платите.
Со оваа мерка, септемвриска плата зголемена за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната, вработените во администрацијата и целиот јавен сектор.
Ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата, образованито и детските градинки.
Мерките на СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните ги опфаќаат и вработените во приватниот сектор.
Во таа насока е и мерката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, за која со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедени 400 милиони денари.
Целта на оваа мерка е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените до 100 евра.
СДСМ е целосно посветена на подобрување на животниот стандард на сите наши граѓани.