Ноќни рестрикции во водоснабдувањето во Тетово

Намалената штедрост на природните извори со вода е причината во тетовската водоводна мрежа да се вклучат дополнителни извори на вода како и да се воведат ноќни рестрикции. Од минатата недела рестрикции има во ноќниот термин од 1 до 4 часот со цел водата да се акумулира и потоа да се распредели рамномерно во мрежата, информираат од Јавното комунално претријатие Тетово (ЈКП).

-Преку природните извори со вода од кои се снабдува системот сега во моментот има 230 литри. Од пред еден месец е вклучен и новиот водоснабдителен систем од каде се добивата 70 литри вода во секунда. Дополнително по потреба се вклучуваат и 50 литри кои се добиваат од бунарите, изјав Џелал Цека, директор на ЈКП Тетово.

Надлежните апелираат за рационално користење на водата затоа што намалената штедрост ќе трае цела есен и зима.

-Се до април изворите даваат помалку вода. Затоа е потребно да се рационално да се користи водата да не се троши на полевање на бавчи и миење на плочници пред дуќаните. Така во неповрат оди водата за пиење, рече Цека.

Во текот на летото оптимално ниво на водоснабдување во системот изнесуваше 500 литри.