Одбележување на Денот на Општина Дебрца

Пред Спомен домот на Главниот шаб на НОВ и ПО на Македонија во Црвена Вода општина Дебрца, денеска ќе се одржи народен собир по повод Денот на општината 3 Октомври, на кој ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски.

Во Црвена Вода, англиската воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, со мајорот Џон Квеин, била сместена во училишната зграда, сега – Спомен дом. Во училишната зграда била сместена и печатницата „Гоце Делчев”, радиостаница, Главниот штаб и делови од ЦК на КПМ.

На собирот, покрај врховниот командант, ќе се обратат и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателите на Сојуз на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста – за општините Охрид и Дебрца.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *