Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, се најде во полуфиналето на Австралија Опен, откако неговиот противник во четвртфиналето, Рафаел Надал, го предаде мечот во петтиот сет, при резултат 2-2 во сетови и 2-0 во гемови за Чилиќ.
Речиси четири часа траеше битката на теренот. Во првиот сет, при резултат 4-1, Надал побара за прв пат медицинска интервенција, но успеа да се опорави и да се врати во мечот.
Шпанецот во два наврата водеше. Имаше 1-0 и 2-1 во сетови, но хрватот успешно се враќаше во игра. При резултат 2-2 Надал веќе не можеше да издржи и го предаде мечот, со што му овозможи на Чилиќ, во полуфиналето да се сретне со британецот Кајл Едмунд.