Почитувани,
Во врска со протестите во Солун каде беше запалено Македонското знаме, интервјуто на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас за неделното издание на “Етнос“, провокацијата на Грчкиот десничарски весник „Елефтери Ора“ кој објави мапа со поделена Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Грчкиот Премиер Алексис Ципрас во „Етнос“ ја испрати клучната порака – „историски е носновано и нелогично некои да бараат право на ексклузивитет на Македонија и тоа во смисла на национално определување“. Значи, треба на сите да ни стане јасно дека Грција никогаш нема да го признае нашиот Македонски идентитет. Освен географска одредница во нашето Уставно име, сите Грчки партии бараат од Македонскиот народ да прифати нов идентитет, ако сака влез во ЕУ и НАТО Алијансата. Тоа е класична уцена и мешање во внатрешните прашања на Македонија со која се газат сите меѓународни норми и демократски универзални права!
Македонскиот народ има свој идентитет, култура, историја, јазик и своја иднина. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонија. Не постои таква сила која ќе ни го промени нашето вековно име Македонија. Тоа мора да им стане јасно на внатрешните и надворешните непријатели на Татковината. Оние што неправедно одзеле од нас, тие имаат проблем со името Македонија. После Балканската војна и Букурешкиот Договор од 1913 од Македонија беа одземени огромни територии. Грција ја присвои Егејска Македонија и спроведе невиден геноцид и асимилација на Македонците. Насилно беа натерани Македонците да се попишуваат како Грци и беа сменети сите Македонски топоними. Овој факт го знаат сите земји членки на ЕУ, но не сакаат да и погледнат на вистината во очи. Затоа е целосно неправедно да се бара од нас некакви одредници во Уставното име за да се направи разлика меѓу Грчкиот регион и нашата Татковина. Кога Грците без да прашаат никого избраа да ги сменат Македонските називи од Солун во Тесалоники, Воден во Едеса, Сер во Серез, Баница во Веви, Кукуш во Килкис, Кутлеш во Вергина, тогаш нека го сменат и името на регионот Македонија со Грчки назив или нека го вратат неговото вистинско име – Егејска Македонија. Така самите ќе си го исполнат она што ирационално го поставуваат како услов.
ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА! ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски