Независната ПГ на ВМРО-ДПМНЕ изрази благодарност до Бундестагот за позитивната одлука за отпочнуваер на преговори со ЕУ

Ваша екселенцијо г. Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија, со оваа телеграма сакаме да ја искажеме нашата благодарност до Бундестагот за позитивната одлука за конечно отпочнување на преговорите со ЕУ.

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, упатува јавна порака и до Вас, порака која ја уважува Вашата лична поддршка за унапредување на македонско германското пријателство. Посветеноста која ја покажавте во насока на развојот на демократијата е за поздравување.

Од наше име, за крај сакаме да Ви се заблагодариме за поддршката која ни ја дадовте нам, во оние моменти кога некои политичари намерно манипулираа за исправноста на нашата одлука со својот глас да допринесеме да се придвижат процесите со конечно решавање на спорот со името кој Македонија го имаше со Грција. Денес, веќе се гледа позитивната промена на нашата реалност и се отвара можност Република Северна Македонија да ја добие својата шанса да покажеме дека навистина ќе допринесеме за европското семејство, вредно, посветено и чесно.