Во Велес годинава нема нови случаи на туберколоза

Во Велес во 2019 година, нема пријавен случај на заболен од туберколоза, а во Инфективното одделение при велешката Општа болница на тераписко лекување е само еден пациент од Кавадарци.
Како што изјави за МИА др. Анета Ковачки пневмофизиолог, туберколоза во Велес и велешко  последнва година е во опаѓање. Таа посочи дека лани на Инфективното одделение се биле регистрирани и се лекувале осум пациенти од кои тројца од Велес, еден од велешкото село Бузалково, а останатите се од Кавадарци и Неготино. Најмалиот пациент бил на возраст од 14, а највозрасниот 55 години, информира др Ковачки.

Таа потсетува дека туберколозата која е заразна болест предизвикана од бактерија до пред неколку години имаше замав, но за среќа, вели, годинава е сведена на минумум.

-Ние прво болниот го упатуваме на едномесечно лекување во Институтот за белодробни заболувања во Скопје, а потоа како лекарски тим го продолжуваме неговото лекување  амбулантски со пропишување и давање соодветна терапија со лекови и следење на здраствената состојба на пациентот. Истовремено, ја проверуваме и состојбата со здравјето на останатите членови од семејството на заболениот, бидејќи болеста е заразна, појасни др Ковачки.

Таа потсети дека во 2012 година кај нив имало регистрирани 15 нови заболени, кои се од Велес како и од други градови од Повардарието, кои се лекуваат во амбулантата на Инфективното одделение при велешката ЈЗУ Општа болница.

Инаку, Анти туберколозниот диспанзер (АТД) во Велес, кој беше сместен во посебна зграда, поради неговата дотраеност беше затворен во септември 2013, а медицинската екипа на диспанзерот се префрли и веќе шест години работи на Инфективното одделение при велешката Општа Болница.

Во рамки на Неделата за борба против туберколоза, која се одбележуваше од 14 до 21 септември,  општинскиот Црвен крст во соработка со др. Ковачки од велешката болница, вчера  одржаа превентиво предавање на тема „Туберколоза и како да се заштитиме од оваа болест“ за членовите на Здружението на пензионери од Велес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *