Промоција на „Мостови на пријателство 3“ за одбележување на Денот на Бошњаците

  Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовирана книгата „Мостови на пријателство 3″ од група автори на македонски и босански јазик во издание на издаваштвото „Диван“, како дел од одбележувањето на „28 Септември – Денот на Бошњаците“.

На промоцијата заеднички организирана од „Диван“ и Клубот на писатели „Рацин“, промотивна рече за збирката поезија одржаа писателите Шефкија Боранчиќ, Игор Крајчев и Авдулах Рамчиловиќ.Промоцијата од името на Парламентот ја отвори пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој ги поздрави присутните гости, авторите и љубителите на поезијата.

– Пораките на разбирање, љубов, мир, слога, почитување се пораки на писателите застапени во збирката поезија „Мостови на пријателство 3“, но и универзални пораки со кои можеме да градиме подобра иднина. Нека ни е среќен, вечен и вековит Денот на Бошњаците и заедно со сите граѓани на Македонија и регионот да одиме напред, градејќи подобра иднина, која е можна само доколку искрено градиме мостови на пријателство, како тоа што го правите вие писателите, порача Рамчиловиќ.На присутните автори и заслужни поединци и институции за развој на културата во земјава, претседателката на „Диван“, Сафета Цуцак им додели благодарници.

Љубителите на поезијата уживаа во стиховите кои беа прочитани од страна на 24 автори.
 Промоцијата беше  збогатена со изведба на класична музика и инструментални обработки на севдалинки.
Одбележувањето на Денот на Бошњаците со богата програма ќе продолжи и во наредните денови