Атина и Скопје фокусирани на Давос

Преговорите за името и најавената средба Заев – Ципрас во Давос, и натаму се во фокусот на грчката, но и на македонската јавност. Големо внимание предизвика и завчерашниот протест во Солун на кој се бранеше терминот „Македонија“, по што реакции имаше од двете страни.

Грчките медиуми напишаа дека ова е прв поголем собир откако двете земји се согласиле да ги интензивираат преговорите за решавање на 25 – годишниот спор, но многу помал од митингот во 1992 година.

Се изјаснија и двете најголеми грчки партии. Од Нова демократија упатија критики и обвинувања до владата, а од СИРИЗА посочија дека мнозинството граѓани сакаат решение далеку од иредентизмот и национализмот.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, пак, преку соопштение оцени дека, за жал, се уште се случуваат изолирани инциденти како протестот во Солун, предизвикани од поединци и групи кои се уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност.

Писмено се огласи и митрополитот повардарски на МПЦ Агатангел, оценувајќи го протестот во Солун за „антиевангелие“, алудирајќи на грчкото свештенство. – Ако Христовата порака е втемелена врз радоста и љубовта, тогаш она што се организираше по улиците на Солун и останатите грчки градови од страна на грчкото свештенство е се само не Евангелието и неговите основни постулати, наведе Агатангел.

Во однос на преговорите, аналитичарите и медиумите во Грција оценуваат дека главен проблем и во двете земји ќе биде да се обезбеди внатрешна политичка поддршка. Во Грција е неизвесно дали ќе има заедничка позиција меѓу владините коалициски партнери и дали Ципрас ќе обезбеди поширока парламентарна поддршка. Во Скопје, пак, Заев се соочува со позициите на претседателот Ѓорге Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и тесното парламентарно мнозинство.

Како што објави „Вима“, на средбата Ципрас – Заев во Давос се очекува да биде разгледан пакетот на Нимиц, а не е исклучено двајвата премиери на 24 јануари да излезат и со заедничко соопштение дека е направен прогрес во решавањето на прашањето за името и оти процесот ќе се води на највисоко политичко ниво.

На средбата Заев – Ципрас во Давос, како што информира портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, се очекува да се направи напредок во насока на изнаоѓање едно заемно прифатливо решение. На редовниот брифинг со новинарите, Ѕанакопилос кажа дека сите прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат на агендата разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер во среда во Давос.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас синоќа во Брисел изјави дека разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме и оти е потребно дополнително да се разработат одредени прашања за да се зборува за конкретен временски рок за решение. – Блиску сме до одредени прашања за решение. Мислам дека одредени теми за кои ќе се разговара во среда на 24 јануари во Давос, ќе покажат каде се движиме, истакна Коѕијас.

Владата на Република Македонија потврди дека работи на анализа и консултации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за  името. –  Ќе вложиме напори за што е можно по инклузивен процес со вклученост на сите релевантни политички фактори во земјава кои се во насока на градење заеднички приод, став и стратегија, наведе Владата за МИА.

Во меѓувреме, грчката ТВ ЕРТ објави дека посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, во следните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје. ЕРТ потсети на изјавите на Нимиц дека е оптимист оти проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.

Македонскиот амбасадор Дарко Ангелов, пак, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА рече дека треба да го туркаме процесот за да најдеме решение, но треба, додаде, да бидеме и претпазливи зашто постојат ризици кои може да го доведат процесот во опасност.

4 thoughts on “Атина и Скопје фокусирани на Давос

  1. Good day! Do you know if they make any plugins to help with Search
    Engine Optimization? I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good success.
    If you know of any please share. Cheers! You can read similar blog here:
    Sklep online

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *