Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог-законот за изменување и дополнување на законот за електронските комуникации и предлог – законот за изменување на законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат по предлог – законите за изменување и дополнување на законите заштита на децата, за инспекцијата на труд, за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, за спречување и заштита од дискриминација, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, сите во второ читање, како и за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија во прво читање, поднесен од група пратеници.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог – законот за изменување на законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост во второ читање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *