До крајот на октомври треба да пристигне новиот италијански генераторот за озон во филтерна станица на ЈКП„Дервен“ од која со вода за пиење се снабдуваат граѓаните на Велес и околните населени места.
Генераторот за озон треба да го земени еден од двата постоечки, стари 28 години, а кои работат непрекинато од 1991 година. Генераторот за озон е вреден околу 12 милиони и 500 илјади денари или околу 203 илјади евра, а ЈКП „Дервен“ ќе го набави од сопствени средства.
Како што за МИА, појаснуваат од ЈКП „Дервен“ новиот генератор ќе го замени еден од двата постоечки кои се со стара заостаната технологија.
-Новиот посовршен ќе придонесе кон побрзо работење и задржување на квалитетот на водата за пиење, појаснуваат од ЈКП „Дервен“.
Тие информираат дека тендерот за негова набавка е завршен и во тек е постапката за негова набавка од реномиран италијански производител. Истиот треба да пристигне и ќе биде монтиран до крајот на октомври најавуваат од ЈКП „Дервен“.
Инаку велешани вода за пиење добиваат од реката Тополка од ХС „Лисиче“ од каде преку цевководот се дистрибуира до велешката филтер станица, а каде водата се прочистува и потоа преку градската мрежа се дистрибуира до домаќинствата.