Балкански претприемачки самит во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, кој годинава се најде на листата на „Форбс“, денеска ќе се одржи во Скопје.
На претприемачкиот самит, настан кој на едно место обединува голем број успешни претприемачи кои во својство на панелисти ќе ги претстават своите идеи пред присутните учесници ќе се обратат говорници од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од земјава.
Самитот ќе го отвори Аријана Коскарова, добитничка на признанието „Форбс 30 под 30“ и основач и извршен директор на „Creative Hub“, а најавено е и обраќање и на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, претседателот на Стопанската комора на Мaкедонија Бранко Азески и на швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада.