Вицепремиерот Османи на турнеја низ европските метрополи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, каде што ќе има средби со министерот за европски прашања Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка Питер Ериксон и со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.

Централна тема на средбите, како што соопшти кабинетот на Османи, ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година, а ќе стане збор и за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.

Во агендата на вицепремиерот Османи за периодот што следува предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, на почетокот на следната недела, по што ќе следуваат Берлин, Варшава итн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *