Успешен старт на второто полугодие во кумановските училишта, нови 10 училници за ОУ „Христијан Карпош“

Навреме почна второто полугодие за 16.500 ученици во шеснаесет основни и пет средни училишта во Куманово, информираа денеска од секторот за образование на општина Куманово.

Сите учлишта го почнаа второто полугодие со затоплени простории, без оглед кој енергенс користат, огревни дрва, нафта или гас.

– Успешно започна наставата и второто полугодие, обезбедени се енергенси и извршени се ситни поправки, адаптации за подобрување на училишните простории со цел квалитетно одвивање на наставниот процес во училиштата, изјави, раководителот на секторот, Жика Крстевски.

Дел од училиштата во овој период се подготвуваат за апликација за проекти за подобрување на инфраструктурата на училишните згради, објаснуваат од секторот. Општина Куманово за пет училишта од Куманово, даде согласност за учество од 20 проценти за проект кој го обезбедуваат УСАИД, Македонски Центар за граѓанско образование…

– За овој проект, вреден 20.000 долари, конкурираат различни улилишта, но општината на сите им излезе во пресрет и гарантира дека ќе исплати 20 отсто од сумата, изјави Крстевски.

Воедно, дел од училиштата аплицираат и за проект за меѓуетничка интеграција на училиштата.

Од овој сектор појаснуваат дека за крупните инфраструктурни проекти, самите училишта аплицираат до меѓународни органзиации, амабасади. Основното училиште „Христијан Карпош“ пак доби проект од Министерството за образование и наука за изградба на десет нови училилници во дворот на училиштето кои според, најавите на одговорните ќе се градат на локација каде пред речиси десетина години била отпочната изградба на сала.

– Процедурата со документацијата е завршена, во овој период се чека на одобренија за градба кои ќе ги издаде општината, а МОН го избира изведувачот, изјави Костиќ.

Новите училници, ќе бидат поврзани со централната зграда на училиштето во кое настава следат 1200 ученици.