Утврдена програмата за работа на Советот на општина Демир Хисар

Советот на општина Демир Хисар ја утврди и усвои програмата за работа во тековната година, која освен програмските активности од законска надлежност, содржи кретивни новини, како и предлози на градоначалникот Марјанче Стојановски.

Од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар информираат дека во првото тримесечие од годината, според програмата, членовите на општинскиот Совет на дневен ред ќе ги имаат кварталниот извештај за реализација на општинскиот буџет, ќе биде усвоен буџетскиот календар за 2018 година, а ќе биде разгледан и извештајот за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за минатата година.

Според востановената пракса, во овој дел од годината, членовите на Советот на општина Демир Хисар ги разгледуваат и расправаат по извештаите за реализирани активности во минатата година како што се програмата за активности во областа на спортот и за младите, програма за помош и поддршка на здруженијата на граѓани од таа општина, како и годишниот извештај за состојбата со деловниот и станбениот простор со кој стопанисува општина Демир Хисар даден под закуп.

Во текот на годината Советот на општина Демир Хисар ќе реализира и дополнителни програмски активности, ќе се донесе посебен план за јавност во работата на општината кој го изработува општинската администрација, а разгледува комисијата за општествени дејности, на предлог на одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина, ќе биде донесена одлука за уредување на јама за угинати животни, во текот на годината ќе се изврши дезинсекција, дератизација и контрола на животни скитници, а во план се и други предлози посочени од граѓаните на тамошната локална самоуправа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *