Советот на Општина Велес донесе заклучоци за спречување на пожарите во велешки регион

Советот на Општина Велес на втората вонредната седница, донесе десетина заклучоци за справување со пожарите, откако претходно ја разгледа актуелната состојба и континуираното појавување на пожари на територијата на општина Велес, како и околните општини, кои се под ингеренција на ТППЕ Велес.

 

Од службата за информирање на Општина Велес, за МИА соопштија дека Советот на Општина Велес  бара од Шумската полиција да врши засилен надзор на терен и согласно законот да спречи движење на цивили во опожарените, како и неопожарените делови на Велес.

Советниците бараат пријавените доброволци да се евидентираат во ТППЕ Велес и со соодветни обележја да се пуштаат на терен, со најмалку еден шумар, пожарникар или преставник на месното население.

Советот бара од СВР Велес да го контролира влезот на цивили и ловци во населените места во близина на шумските појаси и да врши легитимирање на лицата.

Штабот за заштита и спасување да врши редовна координација помеѓу институциите вклучени во гаснењето на пожарот, како и со надлежните државни институции.

Да се побара од СВР Велес, да собере информации за причините за настанување на пожарите, известување дали до оваа институција има поднесено пријави за најава за пожар или се констатирани намерни подметнување на пожари.

Советот бара доследно спроведување на Планот за заштита и спасување при кризни состојби донесен од Советот на Општина Велес и подобрување на меѓусебната координација. Корегирање на процедурите на надлежните државни органи за добивање на помош од воздух(хеликоптери и авиони) за поголема ефикасност и намалување на штетите од пожари.

Советот упати апел до Ловните друштва во овој временски период (период на постоење на високи температури) да не се врши ловење и движење во шимските предели.

Советот побара до Општина Велес доопремување со дополнителна опрема за гаснее на пожари на ТППЕ Велес.
 
Воедно од СВР Велес, како што за МИА информира, портпаролот Верољуб Додевски СВР Велес, по големиот број нови шумски пожари во велешкиот поширок регион, деновиве има засилени контроли на влезот на цивили и ловци во населените места во близина на шумските појаси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *