Писмена реакција за изјавата на Мицотакис во Берлин

Тоа што предвидовме се случува. Мицотакис пред Меркел ја искористи приликата да ги бетонира иредентистичките позиции. Според него Договорот ЗаевЦипрас е со сериозни недостатоци и може да биде подобрен во рамки на Европската перспектива на Балканот. По јасно здравје! Мицотакис нема намера ветувањата во кампањата да ги прокнижи единствено како предизборна реторика. Приказните дека Мицотакис ги прифатил позициите на Ципрас и дека Меркел ќе го натера на помек пристап кон Македонија вчера беа демантирани среде Берлин. Мицотакис им вети на Грчките гласачи дека со силна кампања ќе го заштити брендот „Македонија“ и се закани со вето на отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ. Неговиот став недвомислено упатува на заклучокот дека Мицотакис ќе се обиде да наметнува нови уцени и отстапки од Македонија. Не постои функционер во Нова Демократија кој ќе се откаже од навредите да не нарекува “скопјани“ и да го оспорува нашето право на користењето на името Македонија и придавката Македонски што е нивна партиска кауза. Немакедонската Влада го отстранува древното Македонско Сонце од Кутлеш дури и од шахтите, трча да става плочки на спомениците признавајќи им монопол на Грците врз Александар Македонски, а тие ниту таблите на автопатиштата не ги менуваат. Уште стои „Скопја“. 

 

ЗОШТО ПЕНДАРОВСКИ, ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА МОЛЧАТ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦОТАКИС? НЕЛИ ПРЕДАВСТВОТО СО ГРЦИЈА БЕШЕ КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ СО КОЕ ДЕКА Е ЗАГАРАНТИРАН МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! ОДРЕДУВАЊЕТО НА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ВО ОКТОМВРИ НЕМА ДА ЈА СМЕНИ НЕИЗВЕСНОСТА И РИЗИКОТ НА НОВИ БЛОКАДИ И УЦЕНИ! ГРЦИЈА И БУГАРИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД ИДИОТСКАТА ТЕЗА ДЕКА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е ВЕШТАЧКА ТВОРБА НА ТИТО СОЗДАДЕНА ПОСЛЕ 1944.

 

Една друга Грчка Влада на Нова Демократија со Костас Караманлис како Премиер не го послуша Претседателот на САД, Џорџ Буш и Државниот Секретар, Кондолиза Рајс, немаше мака да ја прекрши Времената Спогодба и заради тоа Грција е осудена од Меѓународниот Суд во Хаг. Да не заборавиме дека сестрата на сегашниот Грчки Премиер, Дора Бакојани тогаш беше Министер за надворешни и директен извршител на противправното вето во Букурешт.

 

За сите они кои учествуваа во промена на светото Македонско име, и тоа што повеќе од 700 илјади граѓани на референдумот беа против Договорот ЗаевЦипрас, предавниците насила ги истуркаа ратификацијата и Уставните измени во Македонското Собрание им следува тешка политичка казна која ќе ги стигне на парламентарни избори, кога и да се одржат.

 

МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ОБНОВЕНА СО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ ОБЕЛЕЖЈА! 

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

                                                                                           Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                            МАКЕДОНСААЛИЈАНСА