Варвициотис: Соседите да сфатат дека треба да го спроведат договорот во целост

За да започне европскиот тек, соседите ќе треба да сфатат дека ќе мора да го спроведат во целост договорот, а не „а ла карт” како што направија досега, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Реал фм”, јави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис го повторува ставот дека станува збор за лош договор, а „во рамките на европскиот тек на Скопје, Грција ќе се обиде да го подобри во корист на националните интереси”, нешто што според алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Атина ќе го направи „кога ќе почне европскиот тек на Скопје”.

-Но, за да почне овој европски тек, соседите ќе треба да сфатат дека ќе треба да го спроведат во целост договорот, а не „ала карт” како што направија до сега, вели Варвициотис.

Тој, за грчкото радио коментира дека „соседната земја сѐ уште не ги има завршено обврските што произлегуваат од договорот”.

-Договорот од Преспа во оваа фаза предвидува дека од кај соседната земја ќе се елиминираат сите елементи што се поврзани со иредентизам, не само од правните текстови, туку и од сите учебници, второ ќе се елиминара терминот „македонски” од сите споменици, од сите кич споменици што постојат кај соседот. И секако сонцето од Вергина ќе биде тргнато од сите државни објекти, државни организации, државни симболи, организации на локалната самоуправа. Да бидеме искрени, ова, уште не е заршено. Тоа е обврска што ја презедоа соседите врз основа на Договорот од Преспа и не ја завршија, иако помина и соодветниот рок, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Во однос на писмата што си ги разменија со вицепремиерот, Варвициотис преку интервјуто му одговара на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос дека воопшто не станува збор за тајна дипломатија и објаснува што му одговорил на Бујар Османи.

-Потенцирав дека е неопходно да се спроведе договорот од Преспа, еден договор постигнат од претходната влада за кој ние не се согласивме. Сметавме дека е договор што не одговараше на критериумите и на националните барања во врска со македонското прашање, но е договор што ја обврза земјата, тоа е договор кој колку и да не не прави среќни и со кој не се согласуваме, тоа е договор за кој Нова демократија никогаш не најави дека ќе го поништи, напротив, секогаш предупредуваше дека овој договор, штом се потпоише и штом се ратификува ќе донесе резултати, вели Варвициотис.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *